Утрово најстудено со -13 степени беше во Берово, -8 Крива Паланка, -6 Битола, Прилеп, -5 Виница, Маврови Анови, -3 Тетово, Штип, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -1 Демир Капија, 0 Гевгелија, Крушево, 1 Попова Шапка.
Претпладне студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот сончево и тивко со мала до умерена локална облачност.
Максималната температура во котлините со магла до 4, а во останатиот дел од земјата ќе биде во интервал од 2 до 12 степени. Во Битола до -3 степени.












