Продолжува период на стабилно и суво време, на повеќе места со негативни утрински температури.
Денеска по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.
Утринската во Битола до -3, а дневната до 6 степени.
Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи претежно од снег.












