“За мене неоспорен е фактот дека ние сме Македонци, дека нашиот идентитет е македонски, дека говориме македонски јазик и дека треба да ја развиваме македонската култура”, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за Сител телевизија.
„Во Брисел веќе сите настани се преведуваат на македонски јазик. Ние треба да се стремиме кон тоа нашиот јазик да е во официјалните јазици, бидејќи и во преговарачката рамка е признат како македонски јазик. Нас не ни треба никој да нѐ признае дека сме Македонци – неспорен е фактот дека Македонија постои, македонскиот јазик постои и дека ние сме Македонци и тоа ќе биде така се додека нашите деца ги учиме да го говорат јазикот и негуваат“ вели Зајкова.












