Под влијание на топла воздушна маса од југ во текот на новата работна седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.
Дневната температура на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа и 40°C.
Утре во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.












