Според утринската информација од Центарот за управување со кризи состојба до 8:00 часот на територијата на државата биле евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, 15 се изгаснати.
Активни се пожарите во во Oпштина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева), Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација) и Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и нискостеблеста вегетација).
Под контрола се пожарите во Желино, Велес и Струга.
Во изгаснатите пожари е тој во Општина Ресен, каде синоќа како што информираат од Центарот за управување со кризи во реонот – с. Покрвеник – с. Перово – с. Асамати – с. Наколец гореше трски и сува трева.












