Вчера и денеска според информациите од Центарот за управување со кризи на територијата на државата се евидентирани вкупно 27 пожари, од кои 5 се активни, 4 се под контрола, а 18 се изгаснати.
Активните пожари се во Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); во Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид (мешана шума); во Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума); во Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума прнар и сува трева) и во Општина Македонски Брод 2 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација).
Во изгаснатите пожари е и тој во Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација).












