Коли и контејнери пловат во Карпош, втора водоводна хаварија за два дена во Битола.
Патничко возило заглавено во „езеро“, контејнер плови, шлеп служба се обидува да го извлече автомобилот.
Ваква е сликата во моментов во населбата Карпош во Битола на преминот кон населбата Кланица.
На оваа локација често се собира вода, особено за време на врнежливи периоди.
Јавното претпријатие Водовод Битола објави дека поради дефект на водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од населба Карпош и дека прекинот ќе трае до завршување со активностите.
Ова е втора водоводна хаварија во Битола за само два дена. Имено, вчера Водовод информираше за уште еден дефект на водоводната мрежа (ПВЦ ф 315) во Битола, поради кој со прекинато водоснабдување беа корисниците од Буковска населба, ул.Воден, Царински Терминал, како и битолските села Кравари, Оптичари, Егри, Гермијан, Кременица, граничен премин Меџитлија, Жабени и Лажец.













