Mали депонии низ градот никнуваат секаде. Но и скривниците во градот, барем тие кои се видливи и познати, наместо да се засолништа за употреба во вонредни ситуации, станале депонии. Денеска нашата камера ја провери состојбата на неколку познати локации на засолништа.

Напорите на јавните комунални прептријата за благосостојбата на граѓаните не се секогаш видливи, но се стандард. Од друга страна пак има места во градот за кои постои стандард, но никако да се испочитува.
Скривниците се еден таков пример.

Со зголемуавњето на должината на денот затоплувањето на времето, наш сограѓанин деновиве се вратил исклучително незадоволен од прошетката по ридот над кружниот тек кај ЦрнМост. Остатоци од секаков вид на смет, човечки и фецес од животни, со мали целулозни шамивчиња разлетани по гранките од нискостеблестата флора го пресретнувале нашиов пешак, кому сепак поттикнување за реакција во нашата редакција била најпрвин состојбата со скривниците кои се лоцирани на овој рид.
Од една страна просторот бил слабо осветлен, од друга со интензивна смрдеа и на крај со многу остатоци сведоци на многу од човечките пороци – шприцеви, фекалии, искината облека, дури и секакви играчки.

Скривниците во Битоа се градеа во социјалистичкиот политички систем , но во секој систем се важна мрежа од обезбедувањето на заштита на граѓаните во вонредни ситуации. Тие мора да се затворени и функционално поврзани простории кои заштитуваат од механички и хемиски влијанија и со „уреди за заштита на заштита на отворите и за задоволување на неопходните физиолошки потреби на лицата предвидени за престој во засолништето.“. Правилникот за техничките нормативни за изградба на јавни засолништа има бројни функционални решенија кои се во директна врска со бројот лица кои треба да престојуваат таму и видот на влијанија кои биле причина за нивно користење.
Арно ама, едно јавно добро што оваа генерација граѓани и државјани на земјава го наследиле, не се чува во согласност со пропишаниот стандард.

На многумина им е позната судбината на засолништето на среде просторот на поранешна автобуска, сега паркинг простор. Своевремено служеше како диско, едновреме како минимаркет, а меѓу две намени и желба на некој да го изнајми просторот – како тоалет. За смрдеата која се ширеше од просторот реагираа жителите на околните згради, се до моментот кога , како што велат „некој паметен се сети да го запечати тоа место“. Сеуште во просторот има најлончиња и мали ѓубренца, но решетките се затворени и човек нема пристап до него. Друга е приказната што пристап имаат мачки скитнички и помали улични кучиња, но состојбата ни оддалеку не а таа којашто се регистрираше пред 20тина години.

Многу од скривниците / засолништата се дел од подрумските простории на зградите. Таков е случајот со скривниците во населбите Карпош и Кланица. Овие активно се користат како визби на жителите. Оттука, влезот во нив се одржува организирано и координирано од управителите на зградите, но, ниту тоа не е гаранција дека хигиената е на потребното ниво, особено фактот што неможе да слижат како ефективен простор за масовно засолнување на луѓе.
Напуштена, запуштена и често полна со смет е и скривницата/засолништето кај зградите во Нова Битола. Според зборовите на граѓаните кои живеат таму, секојдневна е битката со ликови кои знаат дека тоа е скривница со капацитет и до 200 лица и дека била исполнета со кревети, душеци, кујнски елементи и прибор. Ништо не е останато од тоа што некогаш било дел од инвентарот набавен според стандардите, но постои „борба“ за просторот , преку вратата којашто жителите ја поставуаат, а „заинтересираните ликови“ преку ноќ ја кршат.

Во рамките на државното гарантирање на безбедност, скривниците , и на хартија се важен дел. Се може да се оспособи додека не стане приватно. Општините имаат делумна или ограничена надлежност во врска со ваквите објекти, но, учествуваат во цивилната заштита, а и со својата моќ на власт може да влијаат врз другите институции на државата.
Европските примери велат дека во Швајцарија по закон има повеќе засолништа од жители, во Финска засолништата се определени според квадрадурата на станбениот простор, во Шведска има над 60.000 засолништа и државата редовно испраќа прирачници до граѓаните за подготовка, особено велат познавачите, откако стана дел од земјите на НАТО алијансата.

Кај нас тоа не е случај. Во некои медиумска написи се вели и дека „Во Битола, скривниците често дури и се споменуваат во огласи за недвижности.“













