ТЕРА

REKLAMA???

Барање за јавно извинување и повлекување објава од НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола до ТВ Тера

Почитувани,

Во текот на денешниот ден до Нашата редакција пристигна Писмо од страна на
НУ Универзитетска библиотекa „Св.Климент Охридски“ Битола со предмет:

Барање за јавно извинување и повлекување објава во врска со наша објава:
„Библиотеката во Битола купува книги на парче – заобиколен системот за јавни набавки!!! “ која објава претставува само дел од Нашата истражувачка сторија, која во рамките на новинарската професија, ја обработува како тема Нашиот новинарски тим.

Со оглед на фактот дека НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола користи јавни пари а тоа се парите на граѓаните, па истите – граѓаните несомнено е дека имаат право да бидат информирани за тоа како се трошат нивните пари во контиунуитет.

Ние како сериозен медиум, односно телевизиска куќа со регионална концесија, поведени пред се од начелата на транспарентност, објективност и проверка на сите страни на темите од сториите кои ги обработуваме сега и во иднина, без никаков проблем ќе го објавиме изворно и во целост пристигнатото барање од страна на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола за да Вие како јавност можете да оцените дали во истото се алудира на евентуални суптилни закани за да повеќе оваа тема не се обработува од Наша страна или пак се дадени одговори со факти и докази, како се трошат Нашите пари.

 

Секогаш на страната на вистината,

Искрено Ваша ТЕРА Телевизија.