ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Мирно утро на патиштата. Државните патишта се проодни, коловозите се суви, а поголеми застои засега нема. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Ако патувате кон Прилеп, внимавајте на времениот режим на делницата кај Лагово–Тополчани, каде сообраќајот се одвива со пренасочување поради градежните активности на Коридорот 10Д.

Кон Ресен и Охрид засега нема пријавени проблеми. Преку Галичица може да се патува со возила до 3,5 тони.

На останатите правци има неколку активни градежни работи, па возачите треба да ја следат поставената сигнализација. На делниците каде има клисури и косини можна е појава на одрони.

Значи, утрово – без поголеми проблеми, но со малку повеќе внимание на местата каде што се работи.