ТЕРА

REKLAMA???

Сервисни информации

Денеска, од 7 до 15 часот, планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во дел од село Карамани.

Од 7 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците на улиците „Филип Втори Македонски“ и „Кавала“, со околните објекти.

Од ЈКП „Водовод“ нема ново известување за денешен прекин во водоснабдувањето.

Во однос на сообраќајот, и понатаму се работи на улицата „Дебарска“, која е раскопана и е во реконструкција на потегот од улицата „Димитар Влахов“ до „Илинденска“. На возачите и жителите во овој дел од градот им се препорачува внимателно движење и користење алтернативни правци каде што е можно.