ТЕРА

REKLAMA???

Сервисни информации

Денеска, од 8 до 12 часот, планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има на улиците „Вардарска“, „Коле Канински“, „Мирче и Танче Живкови“, како и на дел од улицата „Солунска“, со околните објекти.

Што се однесува до водоснабдувањето, нема известување за најавен прекин.

Во однос на сообраќајот, и понатаму се работи на улицата „Дебарска“, која е во реконструкција и е раскопана, па се препорачува внимателно движење во овој дел од градот и користење алтернативни правци каде што е можно.