ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Почетокот на работната недела носи генерално мирна состојба на патиштата. Според најновите информации на АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

Сепак, возачите треба да бидат внимателни на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност за појава на одрони. АМСМ посебно ги издвојува правците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

За битолчани, на патниот правец Прилеп–Битола и натаму е во сила времен режим поради изградбата на Коридорот 10Д. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат на потегот од клучката Лагово до Тополчани.

Ако денес патувате кон Крушево, треба да се има предвид дека делницата Мало Коњари–Кривогаштани е целосно затворена поради градежни активности, а сообраќајот се одвива по алтернативна делница согласно поставената сигнализација.

Кон Охрид, на патот Кичево–Охрид продолжуваат градежните работи на повеќе делници, поради што сообраќајот се одвива со девијации. Возачите се повикуваат на внимателно возење и почитување на сигнализацијата.

За оние што патуваат кон Грција преку Меџитлија–Ники, АМСМ во денешниот извештај не наведува подолги задржувања на граничните премини од македонска страна.