ТЕРА

REKLAMA???

Сервисни информации

Денеска се најавени два планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат улиците „Цар Самоил“, „Охридска“, „Кузман Јосифовски“, „Кочо Десано“ и „Борка Левата“, со околните објекти.

Од 09:01 до 15:01 часот, прекин е најавен на Лавчански пат и на улиците „150-та“, „160-та“, „170-та“ и „210-та“.

Од ЈКП „Водовод“ нема објавено известување за денешен прекин во водоснабдувањето. Во тек е реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „150-та“, која е последна фаза од реконструкцијата на комплексот улици „150-та“, „170-та“ и „210-та“.

Во однос на сообраќајот, градежни активности продолжуваат на улиците „Дебарска“, „Христо Ботев“ и „Маркс и Енгелс“.

На возачите им се препорачува внимателно движење во овие делови од градот и, каде што е можно, користење алтернативни правци.