Електродистрибуција денеска најавува два планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во Битола.
Од 10:00 до 14:00 часот прекин ќе има во делови од улиците 21-ва, 23-та, 25-та, 26-та и „Мирка Гинова“. Во село Карамани, дел од селото ќе биде без електрична енергија од 10:30 до 15:00 часот.
Од ЈКП „Водовод“ нема објавено известување за денешен прекин во водоснабдувањето.
Од градежните активности, во тек се реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Христо Ботев“ и реконструкцијата на „150-та“. Во тек се и градежни активности на „Маркс и Енгелс“ и на „Дебарска“. Возачите се повикуваат на внимателно движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.












