ТЕРА

REKLAMA???

НАТАША МАРКОВСКА ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА УНИЈАТА НА ЖЕНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА

Наташа Марковска е избрана за претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот комитет во Битола, по спроведениот процес за избор на претседателки на општинските организации на Унијата.

Изборот следува по јавниот повик на партијата, на кој заинтересираните кандидатки имаа можност да се пријават, по што процесот продолжи со интервјуа и избор на новите раководства.

Марковска, која и претходно ја извршуваше функцијата претседателка на Унијата на жени во Битола, ја потврди информацијата преку објава на социјалните мрежи. Таа упати благодарност до претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, и до Извршниот комитет за укажаната доверба и поддршка.

Во својата објава, Марковска нагласува дека функцијата ја доживува како чест, но пред сè како одговорност и обврска за поголема посветеност и работа.

Таа најавува дека Унијата на жени во Битола ќе биде отворена за сите жени кои сакаат да се вклучат во нејзините активности, да предлагаат иницијативи и да придонесуваат со свои идеи.

„Силата е во нас. Силата е во жената”, порачува Марковска, најавувајќи нов период со нови идеи и засилени активности.