Денес после 35 години постоење може гордо да се претстави како лидер за дизајнирање на излози за фирми како и за изработка на секаков вид светлечки реклами.
Еснафски, во улицата кај Ѕвончарите, пред својата фирмна денеска Папалот заедно со своите пријатели ,клиенти , соработници, го одбележа јубилеот.
Велчо Петровски – Папал на битолчани им е познат и како авантурист, интерпретатор на народни песни и препознатлив лик од културниот живот на Битола.
Во далечната 1972 година, со своето „фиќо“ заминал на европска турнеја.
Познат е по изведбата на многу хумористични и градски битолски песни, меѓу кои и култната „Чкембе чорба“ и „Точаче“ .
„МОМЕНТ “ ПО ПОВОД 35 ГОДИНИ ПАПАЛ ДИЗАЈН











