Денес разговараме на една многу важна тема :”Срцето предупредува-како да ги препознаеме првите знаци на срцево заболување” со Д-р.Вилма Ампова-Соколов – интервентен кардиолог од Жан Митрев .
Срцевите заболувања не секогаш започнуваат со силна болка . Понекогаш првите симптоми се притисок или стегање во градите , отежнато дишење , необичен замор , студена пот , мачнина или болка што се шири кон раката , грбот , вратот или вилицата . Особено важно е да знаеме дека срцевиот удар не мора секогаш да се манифестира на ист начин . Кај некои пациенти симптомите може да бидат поблаги или помалку типични.
Како да ја разликуваме срцевата болка од другите видови болки ? Тоа не е секогаш едноставно , па зотоа не треба сами да поставуваме дијагноза или да ги игнорираме симптомите . Доколку почуствуваме нова или сомнителна болка во градите особено ако е придружена со отежнато дишење ,студена пот или слабост веднаш треба да побараме итна медицинска помош . Не треба да чекаме да поминат симптомите сами.
Порака до сите гледачи упатена од Д-р.Вилма Ампова-Соколов е :” Грижете се за своето срце , контролирајте ги крвниот притисок , холестеролот и шеќерот во крвта , хранете се здраво , бидете физички активни и не ги занемарувајте редовните лекарски прегледи . Навременето препознавање на симптомите и брзата реакција можат да спасат живот .“











