ТЕРА

REKLAMA???

АДВОКАТСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА „ГЛАВИНЧЕ“ ОД БИТОЛА ОДБЕЛЕЖА 60 ГОДИНИ ОД ОСНОВАЊЕТО

Шест децении посветеност на правото, професионалноста и етичките вредности. Адвокатската канцеларија „Главинче“ од Битола со свечена академија во офицерскиот дом го заокружи својот 60-годишен јубилеј. Основана во 1966 година од доајенот на битолската адвокатура, Сотир Главинче, денес приказната успешно ја продолжуваат неговиот син Емил и внуците Никола и Борислав, кои претставуваат три генерации на правна заштита и традиција.

На свеченоста, пред бројните гости од правосудниот систем, бизнис секторот, пријатели и соработници, беше емитуван документарен филм и отворена изложба кои сведочат за патот на оваа канцеларија – од нејзините скромни почетоци со ретро пишувачки машини, па сè до модерното европско делување денес. Пред присутните се обрати д-р Никола Главинче, кој потенцираше дека Битола отсекогаш била столб на македонската адвокатура

Со овој јубилеј, адвокатската канцеларија „Главинче“ испрати јасна порака дека правото не е само професија, туку занает кој бара висок интегритет и почит кон граѓаните, а нивниот поглед веќе е насочен кон поширокиот европски правен простор.