ТЕРА

REKLAMA???

Битола е град без државен инспектор за животна средина

Битола е една од општините коишто воопшто немаат државен инспектор за животна средина. Државниот инспекторат за животна средина има само 25 вработени, иако треба да има 50.

Институцијата, која треба да ги следи сите загадувачи кои имаат А-интегрирани дозволи, но, и над 3600 капацитети кои работат со елаборати кои ги издава Министерството за животна средина, се соочува со хроничен недостаток на вработени.

Од Инспекторатот велат дека за проблемот е веќе разговарано со новиот министер за животна средина и добиле ветување дека се планираат нови вработувања.

„Државниот инспекторат подолго време се соочува со недостаток од кадар. Тоа веќе неколкупати го имаме истакнато. Имаме цели региони коишто немаат инспектори за животна средина. Со новиот министер веќе разговаравме за тоа, запознаен е со состојбата, такашто ќе се планираат нови вработувања, се со цел да можеме навремено, ефективно и ефикасно да работиме. Овој проблем го имаат и општините, и тие немаат локални инспектори за животна средина, над 50 проценти од општините немаат назначено свој инспектор за животна средина, каде што нема, покрива Државниот инспекторат и со овие капацитети се потешко ни оди справување на терен, бидејќи физички не може да се постигне“, изјави за ТЕРА телевизија, Ивана Гиновска, директор на Државниот инспекторат за животна средина.   

Освен Битола, и градот Охрид, иако е подрачје под заштита на УНЕСКО има само еден инспектор за животна средина.