ТЕРА

REKLAMA???

Битолскиот Завод и музеј ќе соработува со експерти од турскиот град Бурса

Стручни лица од националната установа Завод и Музеј Битола ќе соработуваат со колеги од турскиот град Бурса. Делегацијата од Бурса предводена од Рамазан Тезџан оствари средба со директорката на Битолскиот музеј Маргарета Спасов, со што беа конкретизирани заедничките намери и соработки.

„Соработката со колегите од Бурса ќе биде имплементирана низ различни, но, заеднички проекти како континуитет на претходни заеднички активности. Во наредениот период ќе бидат детализирани заклучоците од дводневната посета на гостите од Турција“, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.

Делегацијата на Општина Бурса, град збратимен со Општина Битола, ги посети спомен собата на Кемал Ататурк,  Музејот на христијанското и исламското културно наследство „Јени џамија“ – црква „Свети Ѓорги“, како и постојаните поставки во НУ Завод и Музеј-Битола.