ТЕРА

REKLAMA???

Поскапува дизелот, Регулаторна ќе може на дневно ниво да ја менува цената на горивата

Од полноќ цената на дизелот се зголемува за 3,5 денари, додека цената на бензинот останува иста поради намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто. Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука за определување на малопродажните цени на нафтените деривати со вклучена повластена стапка на додадена вредност од 10%, со што изврши усогласување со измените од Законот за данок на додадена вредност .
Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 не се менуваат и остануваат 86,50 денари односно 88.50 денари. Цената на Еуродизелот се зголемува за 3,50 денари за литар и ќе изнесува 95,50 денари, дека на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2,50 денари за литар и ќе изнесува 92 денари за литар. Цена на Мазутот се зголемува за 0,157 денари за килоград и сега ќе изнесува 47,610 денари.
Доколку останеше на сила ДДВ од 18 % цената на бензините ќе беше повисока за 6,50 денари, а дизелот за 10,50 денари.
Граѓаните стравуваат дека ова ќе изврши притисок и ќе предизвика поскапувања воопшто на сите животни намирници.
Во меѓувреме, новина е и тоа што РКЕ го смени правилникот за формирање на цените на горивата. Тоа значи дека за цените на горивата може да се одлучува на дневно ниво.
Со најновите измени на Правилникот, донесени денес, РКЕ овозможува покрај редовните одлуки што се носат секој понеделник, да може да свикува и вонредни седници во текот на неделата – доколку има промени во даноците, таксите или другите давачки што директно влијаат врз малопродажните цени.