ТЕРА

REKLAMA???

Министерството за култура го покри долгот на БНТ

Министерството за култура со директен трансфер на пари и средства од  Театарот,  го затворија  долгот на битолскиот народен театар во висина од околу 65 илјади евра.

Директорот на Битолскиот театар Васко Мавровски денеска на прес конференција информираше дека долгот од 65 ијлади евра што го имаа во текот на минатата година бил подмирен од Министерството за култура и туризам на Македонија.

„За првпат по долги години имаме позитивно салдо благодарение на премиерот Христијан Мицковски и министерот за култура и туризам зоран Љутков, со директна финансиска помош од 2 милиони денари и со наши сопствени средства , некаде 2,5 милиони денари, успеавме до којшто веривајте мноху долго време ни  тежеше, да го анулираме. “ – рече денеска директорот Мавровски.

Ова подразбира дека предизвиците со кои се соочуваше театарот во текот на минатата година се до некаде надминати. Долгот е исчистен, тоа во театарот се изедначува со прекинување на темнината. Истовремено со посветената работа зборува за двојно поголема посетеност и театарски изведувања на претстави.

Сумирано, 34 илјади посетители, 187 изведени претстави и 13 премиери. Мавровски се заблагодари на сите вработени за вложениот труд и најави дека 2026 година програмски ќе биде посветена на македонските автори и театарски креативци. За годишната програма јавноста ќе биде информирана во тек на следната недела.

Во текот на 2025 година Мавровски информираше за наследен долг на театарот од преку 4 милиони денари или над 65 илјади евра, пари најмногу за ди-џеи од журките поврзани со различни манифестации кои се одржувале, за кои стравуваше дека со ангажирање на извршители може да пораснат до 10 милиони денари или преку 160 илјади евра.