Белградскиот бенд NAKED кој ја освојува публиката, не само во регионот ,туку и било каде да настапува низ светот со нивната енергија и квалитетен музички звук, момците кои обожаваат да настапуваат во Македонија за која велат дека е нивни втор дом, го издадоа 5 -от албум по ред. Настапија на Д фестивалот во Дојран, а гостин на нивниот албум е музичар од Македонија. Членовите на Нејкд се Бранислав Радојковиќ (бас), Горан Милошевиќ (тапани, перкусии), Ѓорѓе Мијушковиќ (виолина), Иван Теофиловиќ (кларинет, саксофон).

На еден од нивните настапи за промоција на албумот во Будимпешта, ние поразговаравме со нив и еве што ни истакнаа за настапите во нашата земја.
„ Македонија ни е исто како втор дом. Секогаш таму се чувствуваме добредојдени, и кога одиме да настапуваме таму настапуваме со целото наше срце. Секогаш се чувствуваме убаво таму, публиката го сака она што ние го изведуваме“, ни изјави Горан.
„Имаме многу пријатели таму и всушност она што е најубаво е дружењето пред и после концертите. Во Македонија се ни е убаво и храната и сонцето, гостопримството и љубезноста на луѓето“, истакна Бранислав.
Нивниот 5 0ти студиски албум е со наслов Среќна тага. Албумот беше издаден на 11 март за унгарската издавачка куќа NarRator Records, која со години е искрен поддржувач на овој бенд.

Музиката од новиот албум привлекува огромно внимание кај пошироката и експертска јавност, се емитува на радио станиците ширум светот, добива критики во онлајн и печатените медиуми. Албумот „Среќна туга“ исто така се најде на ТОП 10 листата по избор на панелистите на Балканската светска музичка топ листа за првиот квартал од 2022 година. Основани се во 2006 година во Белград. Веднаш го привлекоа вниманието на тамошната публика и се истакнаа на српската музичка сцена, благодарение на слоевитиот и енергичен музички израз, истовремено интригантни оригинални композиции и компактно, координирано свирење.


















