ТЕРА

REKLAMA???

Нивото на Преспанското Езеро се зголеми за повеќе од 75 сантиметри

Нивото на Преспанското Езеро се зголеми за повеќе од 75 сантиметри во текот на изминатите два-три месеци, информираат за ТЕРА телевизија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Интензивните врнежи во  изминатиот период придонесоа за зголемувањето на нивото на Преспанското Езеро.

„Согласно денешните податоци од хидролошката станица Наколец на Преспанското Езеро, нивото на Езерото се наоѓа на кота од 841,66 метри над нивото и е зголемено за повеќе од 75 сантиметри во текот на изминатите два-три месеци, што е од исклучителна важност за Езерото со оглед на лошата состојба во која што се наоѓаше во претходниот период“, информираше за ТЕРА телевизија, Атанас Угрински помошник раководител на Сектор за хидрологија при УХМР.

Обилните врнежи од дожд по долги години песимистички прогнози донесоа надеж дека Преспанското Езеро чии води долги години се повлекуваа може да се обнови.

Инаку, Преспанското Езеро со децении се соочува со загрижувачки низок водостој, кој го достигна максимумот во 1963 година, пред да почне постепено опаѓање поради климатските промени, неконтролирано користење и понирање на водата.