Пелистерските очи и Хераклеја, најубавите битолски предели доловени преку спектакуларни глетки снимени во лет низ облаците се лајт мотив во монографијата „Македонија од небо“. Станува збор за најновото дело на истакнатиот македонски фотограф Наце Попов, кој во соработка со професорот Венко Андоновски, ја подготви својата шеста монографија посветена на македонските убавини.
Монографијата ги прикажува најубавите места низ Македонија преку еден симболичен приказ како Апостол Павле ги запознава убавините на нашата земја низ очите на соколот, вели Попов, додавајќи дека низ очите на соколот, односно преку дрон фотографии оваа монографија сликовито доловува какви убавини крие Македонија.
Битола се разбира е неизоставен дел од оваа фото приказна.
На 18ти февруари монографијата ќе биде промовирана во 18 часот во Музејот на ВМРО во Скопје.
Пелистерските очи и Хераклеја – лајт мотив во монографијата Македонија од небо

















