ТЕРА

REKLAMA???

Бекирова: Помладите жени се поохрабрени да побараат помош при семејно насилство во Битола

Семејното насилство ќе се гони по службена должност. Кривичниот прогон на насилниците повеќе нема да зависи од жртвите туку со измените во Кривичниот законик насилниците кривично ќе се гонат и без самата жртва да поднесе пријава.

„Ова е одлична можност жртвите да го добијат соодветниот правен третман, затоа што во процесот со справување со насилството и процесот на пријавување, многу често доаѓаат во ситуација да се предомислат, да се исплашат, да ги совлада некаков страв и да се откажат. Но, и влијанието на насилниците измеѓу процесот додека да се донесе пресудата, многу често насилниците имаат можност да влијаат врз жртвата, да ја заплашуваат и да ја условуваат, и многу често се носи во ситуација да се откажи“ вели Наташа Бекирова менаџер на Женски центар за поддршка Битола.

Во центарот, жртвите од семејно насилство се почесто се охрабруваат да побараат поддршка.  Оттаму велат дека во некои семејства семејното насилство трае со години. Помладите генерации за разлика од порано, се поохрабрени да побараат помош.

„Најпрво го правиме контактот со жртвата, со интервју гледаме кои се најважните потреби во однос на тоа како се чувствуваат. Доминантно чувство е стравот и генерално кога ќе дојдат во Центарот се доста исплашени, со трауми од она што го трпеле подолго време. Со тоа што и јавно се зборува за семејното насилство, особено помладите се охрабруваат. За постарите генерации тврдам дека поретко се одлучуваат да пријават“, додава Бекирова.

Со измените во Кривичниот законик воведено е и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки и материјали на социјалните медиуми за заштитата од родово-базирано насилство согласно Истанбулската конвенција.