Ален Рустемовски и Филип Кузмановски вечерва се прогласени за најдобри спортисти за 2025 година, Рустемовски во индивидуални, а Кузмановски во колективни спортови.
Општинскиот Сојуз на спортови на Битола вечерва по 62. пат ги прогласи најдобрите спортисти на Битола за 2025 година.
Официјалното прогласување на наградите се одржа во Народниот театар Битола, а Општинскиот Сојуз на спортови избра 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 3 најуспешни екипи во сениорска и најуспешна екипи во младинска конкуренција, како и најдобри млади спортисти до 18 години. Воедно, вечерва се доделени и посебни признанија за спортистите кои ја афирмираат Битола и го збогатуваат спортскиот живот во градот, но и во земјата.



























