ТЕРА

REKLAMA???

SARAH MACE AND THE GIRLZZ ЈА ЗАПОЧНУВААТ ПРАЗНИЧНАТА МАГИЈА СО „НЕКА ТРЕПКА“

Македонската пејачка и авторка Сара Мејс ја објави својата нова празнична песна „Нека Трепка“, во изведба на вокалниот квартет Sarah Mace and The Girlzz, кој го сочинуваат Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова. Песната ја носи топлината и празничната магија на декември, музиката и текстот се дело токму на Сара Мејс, додека аранжманот е на Роберт Билбилов.

Песната „Нека Трепка“ е нежна празнична приказна што ја буди магијата на декември низ мирисите, боите и чувствата што го обојуваат овој период од годината. Преку топли, интимни слики – цимет, јаболка, путер колачиња, чувство на сигурност и препуштање – Сара креира атмосфера во која слушателот се смирува, соништа оживуваат, а празничниот дух тивко се вселува „под кожа“. Рефренот „Трепка, трепка, трепка, нека трепка“ го носи возбудливото очекување на Новата година и желбата овој декември да биде најволшебен, донесувајќи топло, празнично музичко доживување што буди радост и носи доза празнична фантазија.

Во духот на празничната сезона, со „Нека Трепка“, Сара Мејс го најавува почетокот на најволшебниот месец во годината и ја продолжува традицијата од претходните неколку години да ја доловува празничната музичка магија.

https://www.youtube.com/watch?v=bCqk-lZ5gls