Денеска се одбележува Светскиот ден на мечката. Во светот постојат 8 различни видови на мечки, а кај нас се сретнува само кафеавата мечка (Ursus arctos).
Kафеавата мечка која што живее во Македонија е најголемиот копнен месојад на европско тло.
Овдешната популација на кафеавата мечка е дел од Динарско-пиндската популација која се протега од Словенија на север па сѐ до Грција на југ.
Во Македонија ги населува листопадните и мешаните планински шуми во западните, јужните и југозападните делови од земјата.
Сe претпоставува дека кај нас живеат околу 300 единки. Веродостојни податоци за големината на популацијата се важни со цел да може да се планираат и спроведуваат мерки за нејзина соодветна заштита.
Кафеавата мечка е заштитен вид кај нас – нејзиниот лов е забранет со националната легислатива и со повеќе меѓународни документи и конвенции што Македонија ги има ратификувано.
Денеска е светски ден на мечката
















