ТЕРА

REKLAMA???

10 возачи лишени од слобода викендот бидејќи возеле без возачка, меѓу нив и битолчанец

Викендов лишени од слобода 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол.

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во Куманово, Битола, Свети Николе, Штип и Кочани затоа што управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Велес и Свети Николе управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Додека, еден возач во гевгелиско управвуал возило под дејство на алкохол. Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, информираат од МВР.