ТЕРА

REKLAMA???

“WE ARE ENERGY”-НОВА ПЕСНА НА BRASS BROTHERS

Музичката атракција Brass Brothers на нивниот  10-ти роденден им подарија на нивните фанови нова песна „We Are Energy“, со која и официјално го најавија нивниот  втор албум полн со изненадувања, позитивни вибрации и заразна енергија.

Нумерата ‘We Are Energy’, е химната на бендот, со мелодија и текст кои најсуштински го вокализираат сето она што момците го носат во себе и го предаваат на сцената. Таа го задржува добро познатиот енергичен музички потпис на бендот, кој дополнет со денс ритамот повторно создава уникатна и интерактивна музичка приказна.

Со нивниот виртуозен стил на интеракција, кој ја вовлекува и публиката во нивната музичка приказна, тие ослободуваат уникатна животна енергија која не инспирира да го живееме животот без стеги стравови и ограничувања.

Музиката и аранжманот на “We Are Energy”  е дело на Горан Мицевски Кус, фронтменот и тромбонистот на Brass Brothers. Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 10 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот.

Со вториот албум “We Are Energy”, Brass Brothers  ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил но ќе донесат и многу нови експериментални креации кои несомнено ќе ја освежат домашната но и светската музика сцена.Нивната музика е достапна за преслушување и купување на сите светски дигитални платформи и музички продавници.