ТЕРА

REKLAMA???

БЕЗИСТЕНОТ ВО БИТОЛА – КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО НЕЗАВИДНА ПОЗИЦИЈА

Битолската туристичка понуда го вбројува и Безистенот како културно-историско наследство на градот. Но, состојбата на објектот е незавидна и, не остава добар впечаток.

Влажни сводови со излупена и надуена фасада, испадната на одредени места, отворени прозорци од кои во време на дождови лие како од чешма. Слична сосотјба и во внатрешноста на различните деловни простории – дужаните. Нивните тавани мирисаат на нем.

Ѕизовите боја не виделе десетици години, од последното реновирање, а огромните порти од дрвена дограма и големи прозорци опасно се нишаат на силен ветер. Промајата го „проветрува“ објектот којшто пред 5 века бил еден од репрезентативните објејкти во градот.

Лошата состојба се гледа уште од сите четири страни кои се поврзани со околината. Скалилата се искршени, и видлива е негрижата – еднаш скршениот мермер само се докршува.

Дуќанџиите се крајно незадоволни од состојбата во која се наоѓа просторот кадешто се нивните дуќани кои најчесто ги изнајмуваат. Во изминатите години и поединечно и организирано се обраќале до сите власти – најпрвин до општинаа, потоа до Завод и Музеј на крај и во Управата за заштита на културно наследство. Сите се прогласиле ненеадлежни да преземат чекори кои ќе значат промена на изгледот – не само естетиката туку и безбедноста.

 

Никола Танчевски со своите колеги сопственици на различните бизниси кои тука постојат последно доставиле петиција за промена на состојбите. Вели нема слух од никој.

 

На прашањето зошр Безистенот изгледа како пазар во Бејрут вели дека најрвин објектот бил неправилно реновиран, отстранети биле ќуповите со вода кои ја одржувале темпертурата, покривот прокиснува и тече во многу од локациите, се што било реновирано се распаднало од водата којашто влегува во објектот од сите страни – паѓа малтер, прозорци. Ги реновирале и вратите но не можат да добијат согласност , па никој не се нафатил да ја исправи дограмата. Дури имало и опасност прозорецот кој паѓал да повреди жена којашто влегувала во Безистенот.

А приjавувале за потенцијалната опасност и штетата којашто се прави секаде – во инспекција, пожарна, Општина, Завод и музеј, … Институциите не се изјаснуваат. И на отворениот ден на градоначалникот однеле фотографии и од одводот кој не е функционален, а за кој тие сами плаќале посебни чистачи. Одводот е на државен терен, вели Танчевски, државата се оградува затоа што не била нејзина работа, но граѓаните сами не смеат да го направат, па сега има пат позиција.

Безистенот се наоѓа во непосредна близина на градскиот центар и  е една од најстарите градби во Битола од времето на владеењето на Османлиите. Претставува покриена чаршија, тоа во буквален превод и е, и според историските записи бил изграден во 15 век од страна на Румелискиот Беглер бег. И е еден од објектите кој што е под заштита на државата как културно наследство. Оттука , дуќанџиите се на мака секоја година и со водоводната мрежа и со обидите нивните дуќани да бидат чисти, и околината да биде убав простор. Но иако три институции би требало да се погрижат Безистенот да изгледа убаво, ниту една не ја презема одговорноста, без разлика на надлежноста, за да се санира состојбата.

Танчевски објаснува дека коритото на реката Драгор го осветлиле сами, понудиле реновирање и санирање да плата сами дуќанџиите – не добиле никаков одговор, дури и мајстори кои ја знаат османлиската техника пронашле, но се било сведено на фактот дека треба државен проект. Се понудиле и од Турција да го санираат, не знае дали тие не добиле одговор, но овие  заминале. Сите дуќанџии потпишале петиција која не знаат каде завшрила, се понудиле и да го разубават кејот со ставае на клупи и да се посадат дрвја – и од тоа ништо. И сијалиците сами си ги менуваат.

Се помал е бројот на посетители кои доаѓаат во Безистенот, велат дуќанџиите, кои сведочат и на други време, особено во предновогодишниот период. Сега велат, сведени се на одговори на прашањата од малубројните купувачи кои не знаат каде се преселила некоја од фирмите во кои ги плаќале своите сметки или кога ќе заврши паузата на вработените во поштата, којашто исто така овде всушност , велат, не функционира.