ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛЧАНЕЦ РЕАГИРА НА ВИСОКА КАЗНА ЗА ПАРКИРАЊЕ НА ХУМАНИТАРЕН ПАРКИНГ

Битолчанец реагира на високата казна за паркирање на хуманитарен паркинг во Битола, без да има активна сесија за паркирање, односно без испратена СМС порака за паркирање на неговото возило.

„Значи јас ја оставив колата на 5 минути на улица „Цар Самоил“ спроти продавница за мебел, за да одам до менувачница. Значи ни пет минути немаше каде што ја оставив колата. Се вратив и на колата го најдов ова ливче со уплата од 2000 денари. Прашувам врз основа на што е оваа казна 2000 денари, кој одлучи. Реакцијата е на висината на казната. Јас му предложив да си платам за 2 часа, 5 часа. Колку треба ќе платам ако мислите дека згрешив што таму сум ја оставил колата, меѓутоа вие не можете со моите пари да изигрувате Дедо Мраз и хуманитарно да давате пари.“-вели битолчанецот Игор Трајковски.

Поради ваквиот случај се обративме и до јавното претпријатие Паркинзи. Од таму велат во моментот на контрола не била регистрирана активна паркинг сесија. Поради тоа на возилото бил поставен уред за механичко блокирање на тркалата.

Од Паркинзи појаснуваат дека цените за поставување на овој уред се утврдени со одлука на совет на општина Битола. Истата на хуманитарните паркинзи е двојно пивисока од останатите зони.

Инаку, во Битола има 4 хуманитарни паркинзи и тоа под Тумбе кафе, зад музичкото училиште, кај железниот мост кај Основниот суд Битола каде две места се хуманиртарни и дел од зоната покрај Домот за народно здравје. Тоа значи дека средствата од паркирањето се за хуманирани цели.

Од Паркинзи објаснуваат дека штом се собере одредена сума на средства истите се префрлаат во буџетот на општина Битола, а за нивната распределба за хуманитарни цели одлучува комисија формирана од советот.