ТЕРА

REKLAMA???

ВИКЕНДОВ ЗАПОЧНУВА ЗИМСКОТО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО

Летното сметање на времето завршува во недела, на 29 октомври во 03:00 часот, поместувајќи се еден час наназад, со што започнува зимското сметање на времето.

„Согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр63/23), летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03:00, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Согласно Одлуката, започнува зимско сметање на времето“, се наведува во соопштението од Министерството за економија.