Вчера во 20:40 часот во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана.
При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.


















