ТЕРА

REKLAMA???

Дали Градоначалникот промовира странски инвестиции, а локалните фирми ги остава на маргина

Битола заслужува вистински инвестиции наместо маркетинг трикови. Деновиве во градот расте чувство дека локалните компании се оставени на маргини додека општината троши енергија за промоции на компании без реален економски придонес, претставени како ” странски капитал”.

Пред неколку дена фирмата Авило Груп ДОО Битола која е основана на 5 мај 2025, градоначалникот на Битола ја најави како „странска инвестиција“.

Но дали вистината е поразлична? Односно мнозински сопственик е норвешката фирма Марие Группен АС (51%), додека локалниот партнер Божидар Кукески од Прилеп има 49% со влог од 2.450 евра. Од месец мај до сега, фирмата нема никакви приходи, трансакции или активности, што ја прави економски минимално релевантна.

Кој е странскиот инвеститор?

Марие Группен АС е мала норвешка ИТ компанија регистрирана во Ларвик со под 5 вработени и скромни приходи од 231.000 NOK или 19.977 евра во 2022 година, со загуба и мала капитална база, а последните податоци кои се достапни онлајн од 2024 година забележуваат мал раст со приходи од околу 38.000 евра, но работењето и понатаму е со загуба.

Според регистрите, најголем сопственик е Steinar Mc Shane Eriksen, а фирмата има ограничена активност и воопшто не делува како голем инвеститор, а градоначалникот Коњановски создаде впечаток дека фирмата е значајна инвестиција.

И се ова додека вистинските локални компании со десетици илјади до милиони евра приходи и стотици вработени остануваат во сенка.

Промоцијата на компанија без реална активност создава впечаток дека приоритетите се на странски фирми кои какви-такви може да продуцираат по помпезни наслови, додека локалните фирми кои навистина ја движат економијата се игнорираат.

Битола заслужува политика што ќе ги вреднува вистинските инвеститори без маркетинг приказни и козметички ПР на “странски компании” .