ТЕРА

REKLAMA???

ДУПКИТЕ ОД ИСЕЧЕНИОТ АСФАЛТ КАЈ БУЛЕВАРСКИОТ ВЛЕЗ НАПОЛНЕТИ СО ОТПАДНИ ПАРЧИЊА АСФАЛТ

Пред пет дена телевизија Тера регистрираше исечен асфалт на тротоарските површини во делот каде што се гради булеварскиот влез на Битола во населбата Горно Оризари, што отвори прашања кај граѓаните што се случува. Зошто е исечен нов асфалт?

Поради ова се обративме во општина Битола од каде добивме одговор дека се вршат подготовки со засекување на асфалтот поради имплементирање на проект со кој е предвидено на тоа место да се засадат дрвја.

Но, наместо нови садници еве каква слика затекна нашата екипа денеска во Горно Оризари.

Дупките од исечениот асфалт на тротоарските површини сега се затрупани со отпадни парчиња асфалт.


 

Инаку, локацијата е во близина на местото каде пред еден месец поради дождовите беше оштетен асфалтот. Тој случај предизвика сериозни критики бидејќи се работи за нов асфалт.