ТЕРА

REKLAMA???

ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ ВО ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, директорот на КЈП „Нискоградба“ и дел од вработените во општинската администрација, задолжени за реализација на градежните проекти во населбата АРМ, денес извршија теренски увид во активностите за изградба на атмосферска и фекална канализација на улица СТУ 3 АРМ четврт 1, соопштија од Општина Битола.

На оваа локација е предвидена канализациона мрежа за фекална канализација со должина од 404,8 м и атмосферска канализација од 601,74 м. Вкупната вредност на зафатот е 7.469.131 денари, со период на изведба од 40 работни дена, а работите ќе ги изведува во целост КЈП „Нискоградба“.Во следна фаза ќе се поставува водоводна инсталација со должина од 398 м со вредност од 2.000.000 денари, а работите на терен ќе ги изведува ЈП „Водовод“. Коловозот на новопроектираната улица СТУ 3 која ќе ги поврзува улиците „Глигор Прличев“ и „Рокдајл“ ќе биде со вкупна должина од 421 метар, со над 100 нови паркинг места во овој реон. Вкупната вредност на инфраструктурата е 19.627.446 денари.

Решавањето на овој потег, ќе донесе големи инфраструктурни придобивки за локалното население, како и за компаниите, кои гравитираат во овој дел. Една од компаниите, кои ќе добијат соодветен инфратруктурен пристап е и приватната ИТ компанија X3M Labs, која денес беше посетена од општинската делегација. Градоначалникот Коњановски се запозна со работата на компанијата, која е специјализирана за развој на веб и мобилни апликации, ИТ консалтинг и аутсорсинг. Оваа компанија вработува 50 лица, а во својата дејност нуди развој на софтвер – комплетни решенија за веб и мобилни апликации, вклучувајќи enterprise системи, сигурен трансфер на големи дигитални фајлови, со фокус на медиумска дистрибуција и cloud-базирани интерфејси. Во рамки на X3M Labs функционира и 4F Studios, посветен на развој на мобилни игри, а компанијата соработува со компании од Европа и САД.

Проектот за изградба на оваа улица, покрај редовната реализација во годишната програма, беше на барање компанијата и на останатите субјекти кои работат во овој дел од населбата кај поранешната касарна.  На средбата со градоначалникот, од страна на вработените во компанијата, беше искажана благодарност за реализацијата на овој проект.