ТЕРА

REKLAMA???

КОМУ КАКО ОДГОВАРА – ЗА НОВА ГОДИНА И БОЖИК СЕ ЗА ПО ДОМА

На две недели пред Новагодина и најлудото празнување , дел од Битолчаните планираат да останат во градот и да ја дочекаат новата година во кругот на најблиските.

Има една стара мудрица која вели дека без разлика каде сте , на местото ќе гледате како на убаво или грдо во зависност од тоа со кого сте – дали со луѓе кои ги сакате или луѓе кои, ами не ги сакате толку многу.

Ова е почеток на анкетата денеска, затоа што ваква е насоката што ни ја дадоа денеска битолчаните што ни одговорија на прашањето дали за Нова година ќе бидат дома или во странство?

Удобноста е втора по важност за прославувањето на Нова година. Кај нас по неа следува и Божик. Да, можеби тоа зависи од возраста, најчесто не, оти во  традиционалното битолски,највозрасните генерации во  македонско семејство им овозможуваат на помладите генерации да го запознаат светот и да доживеат авантура, па се дружат со најмладите. А може и обратно.

Фактите кои странските и македонските туроператори и статистичари ги соопштуваат за диужењњето на туристите за време на новогодишно-божикните празнувања зборуваат за милиони патници кои ако живеат на хемисфера со зима – патуваат кон хемисфера со лето за Нова година и обратно.

Европскиот тренд за Нова година останува – снежни бегства во скијачки центри во франција, Австрија, Скандинавија или пак т.н градски одмори – за нова година се оди во Амстердам, париз, Прага и Виена. Сите градови со новогодишни базари се понуда во Македонија во моментот. Скијачките понудени центри се во Бугарија и Србија.

Кому како одговара, важно е на полноќ да се помисли дека започнува календарската година, како што и на Божик, доаѓа новиот почеток.