Локалниот младински совет на Крушево низ уникатна новогодишна акција „Подарок за твојот подарок – Фенерите на Диоген“, успеа да собере над 400 новогодипни пакетчиња.
„Нашата прва активност како ЛМС ги надмина нашите очекувања. Денес, благодарение на добри луѓе, и благодарение на донаторите кои беа дел од акцијата „Подарок за твојот подарок – Фенерите на Диоген“, успеавме да собереме 416 новогодишни пакетчиња. Вашата поддршка покажа дека кога сме обединети, можеме да направиме големи дела. Ви благодариме што ја ширите светлината на човечноста и што заедно го правиме нашето гратче поубаво.“-порачаа од Локалниот младински совет заблагодарувајќи се до сите донатори.






















