ТЕРА

REKLAMA???

КУЌА ИМАМ НА ПЕЛИСТЕР ПО ВТОРПАТ ПРИВЛЕЧЕ ТУРИСТИ НА ПЕЛИСТЕР

„Kуќа имам на Пелистер“ по вторпат ги привлече Битолчани на Пелистер. Пред Инфоцентарот се запознаа со многу локални производители на храна и пијалоци, а организаторот, НП Пелистер се потруди сите да се чувствуваат добредојдено.

Пола Битола вчера беше на Пелистер.

Второто издание на манифестацијата „Куќа имам на Пелистер“ што е во организација на Националниот Парк „Пелистер“ги однесе жителите на градов на чист воздух, настрана од загадениот воздух и маглата којашто ја налегна Битола. Организаторот имаше и автобуси за превоз на заинтересираните, а најголем број се одвезоа со сопствените возила. Пред часот назначен за почеток на предновогодишниот базар на оваа национална установа почнаа посетителите да се шетаат нагоре и надолу – до мала и голема ливада, Бегова чешма, но најмногу се задржаа токму на предвиденото место – пред Инфо центарот.

Годинава освен битолчани, гости и посетители беа и љубители на планината и од Скопје, Охрид, Велес, Прилеп…истакна директорот на ЈУНП „Пелистер“- Битола, Иванчо Тошевски за медиумите. Ова е настан чија основна цел е да ја обедини и промовира севкупната туристичка понуда на поширокиот регион на едно место.

„Куќа имам на Пелистер“ 2025та за 2026 ќе се памети по најавените 30 учесници – локални угостители, производители на храна и пијалоци и луѓе / правни лица кои се директно вклучени во туристичката понуда поврзана со планината, градот и алтернативна туристичка понуда.

За доброто расположение на присутните со музика и забава се погрижија ДЏ Свадба, Фанк Ап и актерот Никола Пројчевски.

Денеска, ден потоа, организаторот информираше дека додека броеле изброиле 2,500 посетители . Нивниот заклучок е дека манифестацијата има нагорен тренд , особено во делот на вмрежување на угостителите со локалните производители на храна.