ТЕРА

REKLAMA???

Македонија загуби во Букурешт, но ја елиминира Романија и закажа двомеч против Чешка

Македонската ракометна репрезентација со 24-22 загуби на гостувањето кај Романија, но благодарение на високата победа од осум разлика во Скопје се пласиравме во последниот бараж меч за пласман на Светското првенство. Упешно ја завршивме романската мисија и последна пречка до пласман на Светското првенство ќе ни биде селекцијата на Чешка.
Резултатот во најголем дел од мечот беше неизвесен, двете селекции се менуваа во водството. Ние во првиот дел имавме предност и од три разлика 7-10. Но во вториот дел Романците имаа три разлика 19-16 и 20-17. На крајот тие заслужено победија со 24-22.

Капитенот Кирил Лазаров со шест гола беше најефикасен, Филип Кузмановски постигна три погодоци, Томовски забележа девет одбрани. Кај Романците најдобар беше Гаминде со седум голови.

Последната пречка до пласман на Светското првенство ни е Чешка. Првиот меч против нив е на 13 април во Злин, а реваншот е на 17 април во Скопје.