ТЕРА

REKLAMA???

„МАКЕДОНИЈО ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ“ ВЕЧЕРВА ВО БИТОЛА

Во тек е големата концертна турнеја низ Македонија, на проектот „Македонијо во срце те носиме“.

Годинава концертниот караван започна во Охрид на 26 август, продолжи во Делчево, потоа Штип, Струмица, а вечерва е во Битола од 20:30 часот на платото пред Офицерскиот дом.

Битолчани ќе имаат можност да проследат 14 нови изведби од музичките имиња кои се дел од оваа концертна турнеја на овој проект.

„Следна дестинација прекрасната Битола, Се гледаме Битола, заедно ќе ги пееме најпознатите македонски песни“ порачуваат организаторите.

По Битола продолжуваат во Гостивар, Велес и Прилеп.