ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНЦИТЕ КОИ РАБОТАТ ВО СТРАНСТВО, ЗА ПРАЗНИЦИТЕ СЕ ВРАТИЈА ДОМА

Македонските граѓани кои живеат и работат во странство во голем број се враќаат во земјата за претстојните Новогодишни и Божикни празници.

Тие уште од минатата недела, кога во европските земји се прославуваше Католичкиот Божик, ги искористија празничните неработни денови за да допатуваат во татковината, да се одморат и да се видат со поширокото семејство.

Зголемената фреквенција на возила низ градовите, но, и прометот во трговската мрежа, покажува дека голем дел од печалбарите за празниците се вратија дома.

Нивното присуство последниве денови ги заживеа градовите и ја помогна домашната економија.

Деновиве, на најфреквентниот граничен премин Табановце регистриран е поголем влез на домашни државјани.

Според информациите, во земјава влегле над 36.000 македонски државјани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.

Освен на граничниот премин Табановце поголема раздвиженост се забележува и низ угостителските објекти, продавниците и трговските центри.

Печалбарите во татковината се задржуваат една до две седмици, по што се враќаат во западноевропските земји.