ТЕРА

REKLAMA???

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ВО МАРТ 2026 ЌЕ ПОРАСНЕ ЗА 1.500 ДО 2.000 ДЕНАРИ

Минималната плата ќе се зголеми во март 2026 година, а проценките се дека порастот ќе изнесува меѓу 1.500 и 2.000 денари, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Тој нагласи дека одлуката нема да биде донесена под политички или јавен притисок, туку исклучиво според утврдената законска методологија.

Од Министрството за економија и труд нагласуваат дека законот го дефинира моделот за пресметка на минималната плата, кој се темели на два клучни параметри – просечната плата и трошоците за живот. „Кога законските параметри ќе се усогласат во март, граѓаните ќе добијат повисока минимална плата. Формулата и методологијата за пресметка се усогласуваат од Економскиот и социјален совет, синдикатите, работодавачите и Владата“, објаснуваат од таму.

Пресметката се врши на тој начин што 50% од износот произлегува од просечната нето-плата од претходната година, а останатите 50% од индексот на трошоците за живот. „Имајќи ги податоците за изминатите 11 месеци, очекуваме зголемување од приближно 1.500 до 2.000 денари, во зависност од финалните бројки“, вели Дурмиши.