Младите и бизнисот. Се собраа на едно место на промоцијата по повод започнувањето на регионалниот проект „Од младинско зајакнување кон институционална сопственост – ПЕЛО”, финансиран од Амбасадата на Кралството на Холандија.


Настанот обедини над 100 претставници од општините, граѓанските организации и бизнис секторот, со цел да се промовираатнови партнерства за задржување на младите во регионот преку иновативни и одржливи локални решенија. Што владата прави за младите?

Имаше и панел-дискусија „Бизнисот и младите” во која учествуваше и претставник од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Прашавме како ќе ја менуваат демографската слика.

За бизнисот и младите на панел дискусијата зборуваше и директорката на агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво.

Проектот ПЕЛО претставува завршна фаза од повеќегодишните заеднички заложби на Про Локал, граѓанските организации и општините за подобрување на младинските можности во регионот, со поддршка на Амбасадата на Холандија.

Градоначалниците од регионот потпишаа меморандуми за соработа, а имаше и саем на бизниси од Пелагонискиот регион.




















