Утрово најстудено во земјата било во Битола каде се измерени -3 степени.
-2 степени се измерени во Скопје – Петровец, Берово, Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија, Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови, Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор, Виница, 4 во Попова Шапка и 5 степени во Kрушево.
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Претпладне наместа има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
НАЈСТУДЕНО ВО БИТОЛА, ИЗМЕРЕНИ -3 СТЕПЕНИ

















