ТЕРА

REKLAMA???

НП „ПЕЛИСТЕР“ ПРЕД ШИРОКА АКЦИЈА ЗА СПАС НА МОЛИКОВАТА ШУМА

Националниот парк „Пелистер“ ги усвои заклучоците за тоа како да се спаси моликата на Пелистер.   Испратени се до сите надлежни институции,инспекторати, министерства и невладини организации, а за ревитализација на најстарата моликова шума на Балканот и моликата како бренд на Пелистер, потребно е да се вклучат сите сили и да се искористи сето знаење.

7 точки / заклучоци испрати НП „Пелистер“ до надлежните институции во државата по одржниот состанок за спас на старата моликова шума и моликата како редок бор кој го има овде, кај нас.

Со заклчучоците се предвидува почеток на активности кои генерации наназад требало редовно и ревносно  да се спроведуваат; можеби уште од 1969 година кога биле направени првите анализи за животот на моликата, како не би дошло до случувањата кои го карактеризираа крајот на 2024 година – силни ветрови и тежок воден снег доведоа до кршење и паѓање на многу од моликовите дрвја, а во најголем број од нив се забележа дека се зафатени со штетна габична култура.

Најпрвин треба да се изврши чистење на паднатите стебла по локалитети, како дел од мерката (1) Воведување и одржување на шумски ред и чистење на теренот. Притоа НП Пелистер во (2) Консултација со експерти треба да дефинира оптимални методи за расчистување, а во предвид да ги има и спречувањето на ширењето на инспекти и габични заболувања и, намалувањето на ризикот од шумски пожари. Во исто време Националниот парк треба да ја (3) Изработи и програмата за одгледување и ревитализација на старата моликова шума– научна студија односно програма којашто ќе содржи детални насоки за долгорочна ревитализација на моликовата шума преку одредување и формирање подмладни јадра, кои, како што експертите зборуваат, ќе ја задржат моликовата шума и моликата како вид на надморската висина кадешто е најкорисна за зачувување на екосистемот.

За да може ефикасно да се дејствува, НП Пелистер предвидува широка акција и, се надева на помош од сите – најпрвин (4) Вклучување на образовни институции – учениците од шумарските училишта и Шумарскиот факултет и сите други кои би биле вклучени во активности како што се плевење, производство на садници и собирање на семе за пошумување. Очекуваат и (5) Институционална и волонтерска поддршка, со ангажирање на волонтери од невладиниот сектор, но не без поддршка од релевантните институции – Министерствозо за земјдоелство шумарство и водостопанство , особено секторот шумарство и, Министерството за животна средина и просторно планирање – управата за животна средина.

За проблемот и активностите ние, граѓаните мора да бидеме свесни –а за тоа НП Пелистер заклучува ќе бидат потребниразлични (6) Информативни средби со широката јавност, зголемување на јавната свест.

Ова не е процес кој ќе се заврши во 1,2 или 3 години, плановите за работа кои ги имаат шумско-стопанските единици во државава  се на минимум 10 години, а Националните паркови во државата не се буџетски претпријатија, туку сами генерираат средства со помош од државата.  Оттука, сите активности ќе бидат дополнителен товар на НП „Пелистер“, па во заклучоците се запишани и потребата од дополнително мобилизирање на средства и (7) Изнаоѓање на алтернативни извори на финансирање – Да се идентификуваатсоодветни европски фондови и да се подготват проектни апликации зафинансиска поддршка на активностите.

На 26.02.2025 година во Битола, се одржа состанок на кој присуствуваа претставници од релевантни институции и организации со цел разгледување на моменталната состојба на моликовата шума во Националниот парк Пелистер и изнаоѓање на превентивни решенија за нејзина ревитализација.  Сега веќе се знае дека три проблеми има моликата на Пелистер – стара е меѓу 80 и 200 години, доколку даде ново семе – шансите за клиење и раст во стебло се 30%, а фактот дека е светлољубив тип е за моликата отежнителна околност за раст и развој покрај густо наредените стари стебла. Вообичаено, на новороденчето од моликата му се потребни неколку години пред да ја надрасне околината којашто е составена од папрат,боровинка и елка. Мерките и активностите кои сега интензивно треба да се спроведуваат и потоа во континуитет треба да доведат до зачувување на заштитниот знак на Баба планина, најстарата моликова шума во пределот кон Бегова чешма на Пелистер и, мора да се спомене – без разлика дали ќе се согласите или не – гордоста на Битолчани.