ТЕРА

REKLAMA???

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА СОЕУ „ЈАНЕ САНДАНСКИ„ БИТОЛА

Средното Општинско Економско училиште „Јане Сандански“, го слави својот Патрон празник. Беше положено цвеќе врз бистата на Јане Сандански од страна на градоначалникот Тони Коњановски и директорката Биљана Јанкуловска.

Се оддржа и литературно читање со творби на ученици од основите и средните училишта на тема: „Најдобриот пријател се наоѓа во моето училиште“, како и  социјално-економски дијалог, во кој учениците побараа одговори од образовните институции, бизнис секторот и невладиниот сектор околу тоа колку тие соработуваат со нив и ги оспособуваат за придонес во развојот на бизнисите, но и да бидат пококурентни на пазарот на трудот.

На крај, беше организиран Отворен ден на училиштето во кој учениците го претставија училиштето и своите активности, организации, како и соработката на училиштето со ЦЕФЕ методологијата . Во чест на овој ден, професорката Христина Зариевска, заедно со учениците подготвија видео во кое ја споделија организацијата и работата на училиштето, а учениците ги споделија своите искуства и импресии од учењето во ова училиште. Во видеото, наставниот предмет Учење преку работа кај работодавач, го претставија професорите Александар Цветкоски и Соња Карапашовска.

Свое претставување имаше и координаторот на Младинската организација на училиштето – Целе Јолевски кој истакна дека Младинската организација преку своите идеи, настани и работилници е двигател на промените во училиштето.